Лавров: Русија има информации за можни напади на „Турски тек“ и „Син тек“

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров тврди дека Русија има информации кои укажуваат на постоење обиди за минирање на гасоводите „Турски тек“ и „Син тек“.

Тој тврди дека Украина користела хуманитарни коридори во Црното Море за да ги нападне руските цивилни и воени бродови кои ја чуваат енергетската инфраструктура.

„Се обидоа да ги нападнат воените бродови кои патролираа во водното подрачје каде што се наоѓаат гасоводите „Турски“ и „Син тек“ – изјави Лавров во руската амбасада во Бангладеш.

Тој рече и дека никој не води „нормална истрага“ за саботажата на гасоводот „Северен тек“.

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници