Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е подготвена да разговара за намалување на нуклеарното оружје.
– Подготвени сме да разговараме за можноста за натамошно намалување на нуклеарните капацитети, но само доколку сите фактори бидат земени предвид, а не само бројот на стратешко-офанзивниот арсенал, истакна Лавров.
Шефот на руската дипломатија нагласи и дека „апсолутно е јасно оти се уште не е време“ за отстранување на комплетното нуклеарно оружје.