Лавров: Прашањето кој му припаѓаат Крим и Севастопол е засекогаш затворено

Од:

Крим и Севастопол се составен дел на Русија и прашањето кому припаѓаат овие територии е засекогаш затворено, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во видео пораката посветена на 10-годишнината од „Кримската пролет“.

„Прашањето кој ги поседува Крим и Севастопол е затворено. Полуостровот е составен дел на Руската Федерација“, рече Лавров, пренесе Тас.

Според министерот, во последните години било можно да се надминат многу проблеми кои биле „наследени“ од Украина.

„Имајќи јасни изгледи за понатамошен развој, Кримјаните можат да гледаат на иднината со доверба и оптимизам“, додаде тој.

Дополнително, како што наведе, на Крим без исклучок строго се почитуваат правата на сите граѓани, без разлика на националноста и јазикот. Лавров оцени дека натамошниот развој на ситуацијата покажува дека обединувањето на Крим со Русија е единствената правилна одлука.

„Таа овозможи да се заштитат животот, честа и достоинството на Крим од налетот на русофобниот режим во Киев“, рече министерот и им честиташе на сите жители на полуостровот 10-годишнината од „историското обединување со Русија“.

Денеска се навршуваат 10 години од референдумот на Крим и Севастопол за обединување со Русија, по државниот удар во Украина. За обединување со Русија гласале 96,7 отсто од гласачите на Крим и 95,6 отсто во Севастопол.

На 18 март 2014 година, претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша договорот за прием на Република Крим и Севастопол во Руската Федерација, а на 21 март Федералното собрание го ратификуваше тој документ. И покрај убедливите резултати од референдумот, Киев одби да го признае Крим како дел од Русија, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски