Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги нарече срамни тврдењата на шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, за наводните напади на Русија врз други земји.
Во интервју за РБЦ-Украина, Калас зборуваше за „нападите“ на Русија врз десетици земји, вклучувајќи ги и африканските. Лавров рече дека „нема што да се коментира“, додавајќи дека е срамно што никој во ЕУ не реагира и дека нејзините соработници „уживаат да се покажуваат со своето знаење за географија и политика“.
Претходно, реагираше и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која рече дека Каласова „уште еднаш ја засрами ЕУ“, потсетувајќи на нејзиното тврдење дека Русија „нападнала“ 19 земји во последните 100 години, што сега го повтори и прошири за да ја вклучи и Африка.
