Лавров: Нема смисла Русија да има дипломати на Запад

Од:

Русија не гледа „нема смисла“ во одржувањето на своето дипломатско присуство на Запад, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Москва наместо тоа ќе се концентрира на Африка и Азија.

„Нема смисла и, се разбира, желба да се одржи еднакво присуство во западните земји“, рече Лавров за време на средбата со младите дипломати.

Руските дипломати на Запад работат „во услови кои тешко може да се наречат хумани и каде постојано се соочуваат со проблеми и се загрозени“, нагласи шефот на руската дипломатија. „Но, клучот е дека нема повеќе работа таму, бидејќи Европа одлучи да ни се затвори, да ја прекине секоја економска соработка со Москва“, продолжи тој.

Тој истакна дека нема смисла да се принудуваат другите да ги сакаат Русите и дека е потребно „поголемо внимание“ за земјите од третиот свет во Африка и Азија. Лавров рече дека Русија има многу проекти таму на кои им е потребна „дипломатска придружба“.

„Во такви услови природно ќе се фокусираме на оние земји кои се подготвени да соработуваат подеднакво за взаемна корист“, заклучи Лавров. Многу западни земји масовно протераа руски дипломати по почетокот на руската офанзива во Украина на 24 февруари. Во некои случаи, овие протерувања беа придружени со обвинувања за шпионажа.

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници