Лавров: Москва предлага меѓународна конвенција за борба со кибер криминалот

Од:

Москва предлага склучување меѓународна конвенција за борба против кибер криминалот, со која ќе се опфати и борбата против хакерството, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој говореше во Воената академија на Генералштабор на руските Вооружени сили.

Како што јави ТАСС, Лавов нагласи дека Русија заедно со своите партнери, пред се од Шангајската организација за соработка, изготвила нацрт-документ за правилата за однесување во кибер просторот.

– Тој долумент, кој е доставен до ОН, има за цел да отвори дијалог за правните аспекти за уредување на таа сфера. Ние предложивме хакерството да го направиме казниво во меѓународното право, нагласи тој.

Лавров во обраќањето се осврна и на обвинувањата од западот дека Москва се обидува да влијае на узборните процеси на Западот.

– Русија не се меша во изборите на други држави и тврдењата дека Москва ќе влијае врз изборите во Германија и Франција се измислици. Ние сме подготвени да соработуваме со оние кои ќе дојдат на власт, додаде Лавров.

Би можело да ве интересира

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС