Лавров: Доколку не добиеме конструктивен одговор од Западот околу барањата за безбедност, Москва ќе преземе соодветни мерки

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го повтори ставот на Москва дека Русија ќе преземе соодветни мерки доколку не добие конструктивен одговор од САД и НАТО околу барањата за нејзините безбедносни гаранции.

– Москва нема да дозволи прашањата за Украина и бараните безбедносни гаранции од страна на Русија да бидат предмет на бескрајни дискусии, во кои ќе бидат вклучени Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) или Европската унија, изјави Лавров во својот говор пред Долниот дом на рускиот Парламент.

Русија очекува оваа недела Вашингтон писмено да одговори на нејзините предлози за безбедносни гаранции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници