Лаура Ковеси обвинета за корупција

Од:

Романската судика Лаура Ковеси, фаворит за функцијата европски обвинител, е обвинета за корупција, соопшти извор од судот.

Ковеси, која се смета за симбол на борбата против корупцијата, но се соочува со непријателство од страна на романската Влада, ја прими веста за време на шестчасовно сослушување пред специјална комисија, составена од истражни судии.

По сослушувањето, Ковеси изјави дека има обвинителска забрана за јавно споделување детали за случајот.

– Ова е обид да ме замолчат, да не исплашат сите во правосудниот систем што си ја вршиме работата. Најверојатно некои луѓе се толку очајни дека можам да ја добијам работата (главен обвинител на ЕУ) и затоа не ми дозволуваат да зборувам со медиумите, рече Ковеси.

Таа е осомничена за злоупотреба на функцијата, поткуп и лажно сведочење, обвиненија што ги негира.

Обвинувањата може да ги влошат односите меѓу европските лидери и Романија, која е меѓу најкорумпираните земји во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски