Ламбрехт: Сериозно треба да се сфати нуклеарната закана од Путин

Од:

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска изјави дека сериозно треба да се сфати нуклеарната закана од рускиот претседател Владимир Путин.

– Доживеавме да видиме дека Владимир Путин е непресметлив. Поради тоа мораме да бидеме внимателни, изјави Ламбрехт за „Дојчландфунк“ (Deutschlandfunk).

Таа додаде дека Путин очекувал брз напредок на руската армија во Украина и оти сега мора да дејствува.

– Поради тоа сега имаме закана, посочи Ламбрехт.

Путин вчера ја зголеми борбената готовност на руските сили за одвраќање, меѓу кои е и нуклеарното оружје.

Би можело да ве интересира

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Руско МНР: Москва е против замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

ВИДЕО: Присилна мобилизација во Украина, војната нема да се реши за сто дена

А1он

Трамп, не играј си ултиматуми со Русија

А1он