Кус историјат на конфликтот во Донбас

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложува одлуката според која има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н.Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН.

Би-би-си објаснува зошто признавањето на независноста на овие два региони е значајно. Западните сили стравуваат дека таквиот потег може да се искористи како изговор за Русија да го нападне својот источен сосед.

Аналитичарите велат дека доколку Доњецк и Луганск бидат признати како независни, Русија би можела да испрати војници на истокот на Украина по д изговор за заштита на сопствените граѓани.

Водачите на сепаратистичките региони денеска објавија телевизиски изјави во кои апелираат Путин да ги признае како независни држави и да потпише договори за пријателство кои предвидуваат воена помош за да ги заштитат од, како што ја опишаа, тековната украинска воена офанзива. Долниот дом на рускиот парламент изнесе слично барање минатата недела. Лидерите на две проруски територии тврдат дека Украинците планираат голема воена офанзива во областа. Во петокот тие организираа масовна евакуација на цивили во Русија и повикаа на општа мобилизација. Сепак, украинските власти постојано ги негираа овие наводи.

Војната во Украина трае речиси осум години. Во оваа номинално граѓанска војна, руските сепаратисти, кои окупираа дел од провинцијата Донбас во источна Украина и ги прогласија парадржавите Доњецк и Луганск, во ниту еден момент не останаа без модерно руско оружје. И покрај руските негирања, бројните докази од теренот укажуваат на тоа дека руската војска активно ги поддржува. Украинската војска не се обиде да ја ослободи таа територија во тие осум години или барем по склучувањето на договорите од Минск и 2014 година, потсеуваат западни медиуми.

САД и другите западни земји неколку пати предупредија во изминатиот месец дека Русија планира или да испровоцира инцидент или да организира инцидент за да го оправда нападот во областа што ја држат бунтовниците.

Кога бунтовниците поддржани од Русија ги зазедоа владините згради во градовите низ источна Украина во 2014 година, избија судири, оставајќи две области во регионот на Донбас во рацете на сепаратистите. Русија потоа го анектираше Крим, што предизвика гласни меѓународни критики.

Областите на Донбас контролирани од сепаратистите станаа познати како Луганска Народна Република (ЛПР) и Доњецка Народна Република (ДПР). Украинската влада тврди дека двата региони се всушност под руска окупација. Самопрогласените републики не се признати од ниту една влада, вклучително и Русија, а украинските власти одбиваат директно да разговараат со која било од нив.

Договорот од Минск од 2015 година резултираше со договор за прекин на огнот, а конфликтот ескалираше во статична војна долж линијата што ги дели украинската влада и областите контролирани од сепаратистите, наведува Индекс. Договорите од Минск забрануваат оружје во близина на линијата.

Во судирите во регионот на Донбас во тој период загинаа повеќе од 14.000 луѓе, а Украина вели дека 1,5 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, повеќето од нив во областите на Донбас кои се уште се под украинска контрола.

Како и во 2014 година, регионите Луганск и Доњецк од регионот Донбас сега се во центарот на конфликтот Исток-Запад – помеѓу обидот на Путин да ја врати контролата и обидот на Украинците да се приклучат на група европски демократии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски