Курц од недела во повеќедневна турнеја по западен Балкан

Од:

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц в недела ја почнува повеќедневната турнеја по земјите од западен Балкан, во текот на која треба да ја потенцира намерата на Виена и натаму да се ангажира за овој регион, посебно во поглед на членството во ЕУ.

Австрија сака западен Балкан да го види во ЕУ и овој став министерот Курц ќе го потврди на турнејата по сите шест држави од западен Балкан, јави агенцијата АПА.

Прва станица од неговата посета ќе биде Сараево, па Белград, во понеделник и вторник, а потоа патува за Подгорица, Тирана, Приштина и Скопје.

Во Белград и Скопје една од поважните теми ќе биде бегалската криза.

Во пресрет на посетата Курц истакна дека таа е „јасен сигнал за продолжување на ангажманот за западен Балкан“. – Австрија со државите од регионот е тесно поврзана преку луѓето, културата, економијата и историјата, нагласи Курц во изјава за АПА.

– Приближувањето на овие земји до ЕУ води кон поголема стабилност и благосостојба, создава поголемо владеење на правото и обезбедува работни и во Австрија, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски