Кулеба: Дипломатијата вроди со плод, успеавме да ја спречиме ескалацијата

Од:

Заедничките дипломатски напори со западните сојузници успеаја да спречат руската ескалација, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

-Ние и нашите сојузници успеавме да ја спречиме Русија за каква било натамошна ескалација. Веќе е средината на февруари и можете да видите дека дипломатијата продолжува да работи, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба.

Тој експресно реагираше на одлуката на руските власти да повлечат одреден број војници од украинската граница.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека некои војници позиционирани на границата со Украина се враќаат во базите по завршувањето на вежбите. Меѓутоа, големите вежби низ земјата продолжуваат.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во вонредното обраќање до нацијата синоќа кажа дека има оперативни сознанија од некои земји дека Русија во среда, на 16 февруари, ќе ја нападне Украина.

-Ни кажуваат дека 16 февруари ќе биде денот на нападот. Ние ќе го направиме ден на единството, рече Зеленски, но не сакаше да открие кој му дал такви информации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ