Трет мандат за Кси Џинпинг како лидер на кинеската Комунистичка партија

Од:

Кси Џинпинг на редовниот партиски Конгрес што се одржа во Пекинг беше потврден како лидер на кинеската Комунистичка партија по рекорден трет пат по ред. Кинескиот претседател очекувано победи на крајот на еднонеделната партиска седница на која Џинпинг ги избрка од раководството оние што ги сметаше за свои противници.

Кси излезе на сцената со шест нови членови на тесното раководство на партијата, од кои сите се сметаат за целосно потчинети на него, што се толкува како дополнително зајакнување на целосната контрола на Џинпинг врз Комунистичката партија. По излагањето на соработниците тој одржа говор.

„Полни со самодоверба, тргнуваме на патот да ја направиме Кина уште помодерна социјалистичка земја во сите погледи. Сакаме да ја освежиме кинеската нација на сите фронтови и да се впуштиме во уште поголема модернизација. Кина мора да остане на високо ниво на подготвеност како студент на испит што никогаш нема да заврши“, рече Кси, додавајќи:

„Кина беше и ќе остане многу важна за напредокот на целиот свет и нема да отстапи од нејзините принципи, а тоа се брзиот економски раст и долгорочната стабилност. Партијата ќе стане непобедлива само ако си дозволи да се промени.

Говорот заврши со покана до странските новинари да ја посетат Кина.

Би можело да ве интересира

Кина ги утврди приоритетите за втората половина од оваа година

Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател

Кинескиот претседател Си Џинпинг утре ќе престојува во Белград, ќе го пречекаат српски ловци МиГ-29

Бајден го нарече својот кинески колега Џинпинг „диктатор“

Лажна е фотографијата на која Путин е клекнат пред кинескиот претседател

Предраг Петровиќ

Кинескиот претседател пристигна кај Путин со бесна кола: Шестметарското чудовиште во кое се вози, носи и познато име

Предраг Петровиќ