Крвав Божиќ во Виена: Србин со нож рани жена, го претепа и нејзиниот син

Од:

Српски државјанин (28) е уапсен во Виена откако на Божиќ и нанел повреди со нож на лицето на постара жена, по расправија со нејзиниот син.

Напаѓачот дошол во станот на 40-годишен маж во Виена, кој наводно го запознал претходно. Според полициските извештаи, потоа настанала тепачка, во која е употребен и нож, пишуваат австриските медиуми.

При расправијата српскиот државјанин грабнал нож и го нападнал 40-годишникот. Ги повредил во вратот и десната рака. Кога 65-годишната мајка истрчала да му помогне на синот, и таа била нападната и прободена со нож во лицето. Напаѓачот потоа побегнал од станот, а полицијата била веднаш алармирана.

Полицајците го виделе 28-годишникот пред куќата и успеале да го приведат. Оружјето употребено во убиството, кујнски нож, е одземено. Алкотестот покажал дека осомничениот сторител имал 1,98 промили алкохол во крвта.

Професионалната спасувачка служба на Виена им пружила итна медицинска помош на жртвите во нападот и ги однела во болница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб