Крутов: На истокот на Украина се води вистинска војна

Од:

Тоа што се случува на истокот на Украина не е бунт со краток здив, тоа всушност е војна, изјави шефот на украинскиот антитерористички центар Василиј Крутов.

-Околу Краматорск има автоматски оган и судири…Тоа со што се соочуваме во областа Доњецк и во источните области не е само некаков бунт од краток здив, тоа всушност е војна“, рече Крутов на прес конференција.

Не наведувајќи многу детали, Крутов изјави дека во Краматорск, јужно од Славјанск, кого го држат проруските сили, се водат жестоки борби.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Краматорск „беснеат судири и улични борби“, извести ТВ станицата „Раша тудеј“.

На истокот од Украина утринава продолжија судирите меѓу проруските и антруските група, а се зголемува и бројот на жртвите, меѓу кои има многу цивили – во Краматорск погинаа десет лица, а бројот на жртви во Одеса се зголеми на 42.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми