Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека Томас Метју Крукс, кој се обиде да го убие републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, ја истражувал принцезата Кејт Мидлтон на Интернет „бидејќи планирал уште еден атентат“.
Агентите на ФБИ ги откриле фотографиите на принцезата кога упаднале во домот на Крукс по пукањето во Пенсилванија и заплениле два телефони и лаптоп, пренесува Мирор.
Меѓу другите луѓе кои Крукс ги истражувашл се директорот на ФБИ Кристофер Вреј и американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд, а беа пронајдени и слики од претседателот Џозеф Бајден.
Нема докази кои сугерираат дека Крукс планирал да патува во Велика Британија.
Агенти на тајната служба го застрелаа неколку пати Крукс откако тој отвори оган кон Трамп за време на предизборниот митинг во Пенсилванија минатиот викенд. Трамп беше ранет во десното уво, еден од неговите поддржувачи е убиен, а двајца други беа ранети.