Кремљ реагираше на влезот на Финска во НАТО: Тоа е напад врз нашата безбедност

Од:

Руската државна новинска агенција РИА ја пренесе изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, дека „влегувањето на Финска во НАТО е уште едно влошување на ситуацијата, а проширувањето на алијансата е нарушување на безбедноста на Русија“.

Во исто време, тој истакна дека оваа ситуација е суштински различна од проблемот со Украина бидејќи Финска никогаш не била против Русија, пишува The Guardian. Песков, исто така, рече дека структурата на НАТО е непријателска кон Русија и дека Москва ќе биде принудена да преземе контрамерки за да ја обезбеди безбедноста на Русија.

За потсетување, Финска денеска ќе влезе во НАТО, проширувајќи ја одбранбената алијанса на 31 членка откако ќе го надмине противењето на Турција. Барањето го поднела заедно со Шведска во мај 2022 година, по руската инвазија на Украина.

Турција продолжува да ја блокира кандидатурата на Шведска за членство поради низа спорни прашања, вклучително и загриженоста на Анкара поради, како што вели, недостигот на соработка во борбата против тероризмот. Членките на НАТО мора едногласно да се согласат да примат нови земји.

Би можело да ве интересира

Британија испраќа тенкови во Украина, според Кремљ „ќе горат како и другите“

А1он

Путин првпат откако е претседател нема да ја одржи традиционалната голема прес конференција

А1он