Кремљ: Путин не се занимава со прашањето за Сноуден

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин не се занимава со прашањето за поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, бидејќи „Сноуден не поднел никакво барање, кое треба да го разгледа шефот на државата“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека претседателот Путин не учествува во разгледувањето на овој проблем со американските колеги, доколку ова прашање го решаваат раководителите на руската ФСБ и американското ФБИ.

Песков потврди дека Русија нема да им го предаде Сноуден на САД, кои го бараат под обвинение за шпионажа.

Триесетгодишниот Американец се уште се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“, каде пристигна на 23 јуни од Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија ќе одговори во случај на агресија од НАТО или од земјите членки

Руските трупи го гаѓаа Харков со балистичка ракета

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски