„Кралот на чоколадотото“ Порошенко најголем фаворит за нов претседател на Украина

Од:

Украинскиот тајкун, Петро Порошенко, според анкетите има најголеми шанси да победи на претседателските избори во Украина кои ќе се одржат на 25 мај. Нема да биде изненадување доколку тоа се случи уште во првиот круг.

Поддршката за Порошенко во различни анкети се движи од 42 па до 54,7 проценти од гласовите на граѓаните.

Тој има убедлива предност пред својот противкандидат, поранешната премиерка Јулија Тимошенко, на која поддршката би и ја дале од 7 до 9,6 отсто од испитаниците и таа е на второ место според оваа анкета. Сергеј Тихипки има 5 процентна поддршка, Михаило Добкин, Анатолиј Гришенко и Олег Лиашко имаат под 4 процени доверба од граѓаните.

„Кралот на чоколадото“, Порошенко е интересна личност која предизвикува реакции поради досегашниот тек на неговата и бизнис и политичка кариера.

Познатиот бизнисмен се опроба во многу води, текстил, „чоколаден“ бизнис, медиуми, бизнис со возила и автобуси. Во 2012 се најде на листата на милијардери на Форбс.

И политичката кариера на Порошенко не остава никого рамнодушен. Член е на Парламентот како член на Обединетите социјал-демократи, набрзо преминува во лево ориентираната Солидарност, а во 2001 година ја создаваше Партијата на Регионите. Го напушта Кучма и му се придружува на Јушченко кој е кум на неговата ќерка.

Порошенко беше еден од финасиските поддржувачи на Наша Украина и Портокаловата револуција.

По победата на Јушченко на претседателските избори, Порошенко е именуван за секретар за национална безбедност .

Во март 2006 Порошенко е реизбран за член на Парламентот, а од 2007 е прв човек на Украинската централна банка. Една година ја врши функцијата министер за надворешни работи, Порошенко е голем поддржувач на НАТО интеграциите на Украина. И Виктор Јанукович сакаше да го има во своите редови иму ја нуди функцијата министер за трговија и економски развој.

Порошенко го поддржа проевропското востание со кое во февруари беше симнат од власт претседателот Виктор Јанукович. Со поддршка од Кличко како фаворит ќе ја трча претседателската трка.

За Порошенко главен приоритет е, стабилизација на ситуацијата во Украина, во која се повеќе расте стравот од можна војна, а можноста за одржување на референдум би ја оставил но за понатаму.

„По претседателските избори (25 мај), по повторно воспоставување на редот и законот во земјата, подготвени сме да разговараме за секое барање за референдум, вклучувајќи уставни промени за кои подготвен сум да разговарам со било кого”, рекол Порошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми