Крај на велигденското примирје во Украина

Од:

Владата на Украина формално го заврши велигденското примирје и почна „активна фаза на антитерористички операции“ за елиминирање на проруските сепаратистички групи во источниот дел на земјата, изјави денеска првиот потпретседател на украинската Влада, Виталиј Јерема.

Тој наведе дека новите акции се уште не почнале, додавајќи оти „во блиска иднина ќе бидат преземени соодветни мерки и ќе има видливи резултати“.

Украина на Велигден привремено ја прекина активната фаза на „антитерористичките операции“, кои Турчинов ги прогласи на 15 април.

Јерема, еден ден по посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден на Киев, истакна дека Украина ја добила поддршката од САД и оти земјата нема да биде оставена „сама со агресорот“.

Бајден е највисокиот американски претставник кој ја посети Украина од избувнување на кризата. Тој им ја пренесе пораката на претседателот на САД Барак Обама на украинските лидери.

Белата куќа соопшти дека САД ќе обезбедат дополнителна економска помош за украинската Влада да ги спроведе политичките и економските реформи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми