Крај на сагата: Договор меѓу САД и Асанж?

Од:

Американската амбасадорка Каролин Кенеди во Австралија навести дека би можело да има договор за признавање на вината меѓу Џулијан Асанж и американските власти.

На прашањето на „Sunday Morning Herald“ дали е можно САД и Австралија да постигнат дипломатски договор за Асанж, Керолин Кенеди рече дека „случајот е во тек“ и дека Министерството за правда се занимава со тоа.

„Значи, тоа навистина не е дипломатско прашање, но мислам дека би можело да има решение“, изјави Керолин Кенеди во интервју за австралискиот весник. Таа ја коментираше изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека обвинувањата против Асанж се сериозни и дека тој ја загрозил националната безбедност на САД со објавувањето доверливи информации.

Габриел Шиптон, братот на Џулијан Асанж изјави дека „Керолин Кенеди немаше да ги каже овие работи доколку не сакаше излез од оваа ситуација“.

Асанж, австралиски државјанин затворен во Велика Британија, се бори против екстрадиција во САД, каде што се бара по 18 обвиненија за објавување доверливи американски воени досиеја и дипломатски телеграми кои откриваат воени злосторства извршени од американските сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Историски момент: Заврши голготата на Асанж, се врати во Австралија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Џулијан Асанж е на слобода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Асанж наскоро слободен: Ја напушти Британија по договорот за признавање вина со САД

Катерина Ѓуровски

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

ВИДЕО: Џулијан Асанж доби право на жалба на екстрадицијата во САД

Катерина Ѓуровски

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ