Крај Дњестар пак мириса на војна

Од:

На придњестровскиот дел од украинско-молдавската граница, почна да се копа ров со должина од 450 километри, соопшти Укринформ. Ровот е широк 3,5, а длабок 2-3 метри. Според Олександар Јаковенко од локалниот огранок на украинската гранична служба, првите пет километри се веќе готови. Се копа деноноќно; објектот „расте“ просечно по 2,5 километри неделно.

Официјалната цел на инженерските работи е „да се спречи придвижувањето на тешка техника и шверцерски товари“ од Придњестровската молдовска република (ПМР) – Украина стравува според извештаи од воени чиновници разместени во Придњестровјето, руските војски да не навлезат во стратешки важната Одеска област. Но рускиот контингент во непризнатата република брои заедно со миротворците едвај 1.400 души. Тешко е да се претпостави дека тие ќе ја нападнат Одеса: како споредба со конфронтацијата во Донбас, тоа е многу мала закана за Украина, дури и со оглед на опасноста од оставеното советско оружје кое е складирано крај Тираспол.

Граничниот ров по се изгледа е повеќе дел од комплексни обиди на западот да ја ликвидира државноста на проруската енклава. На тоа укажуваат еден куп други факти.

На 25 јули, Сенатот на САД ја донесе резолуцијата СР 500 за поддршка на територијалната целовитост на Молдавија, и го осуди притисокот на Русија врз Кишињев. Аналогна резолуција претходно донесе и внатрешнополитичката комисија во Домот на претставниците. Со овој документ се повикува Русија „да се воздржи од економски притисок врз Кишињев“, да сопре со поддршката за „сепаратистичките движења на молдавска територија“, и „да ги исполнува дадените ветувања за повлекување на војската и вооружените групи од меѓународно признатата територија на Република Молдавија“. Резолуцијата содржи и повик кон властите во Придњестровјето – да ги обноват преговорите за политичко решавање на конфликтот, „со запазување на суверенитетот и територијалната целовитст на Република Молдавија“.

Овие повици немаше да привлечат внимание ако во Молдавија не се појавеа 80 специјалисти од Пентагон. Како што соопшти Молдињуз, цитирајќи свој извор од министерството за одбрана, Американците ја проценуваат состојбата на воената техника и вооружувањето на молдавската армија, и ја определуваат неопходноста од дополнителни достави на „материјали“ за осовременување на воената и цивилната инфраструктура во земјата. Освен тоа, „американските специјалисти водат практични вежби со војската, вклучително и со оние од специјалните сили, кои тренираат воени дејствија во градски услови и мерки за безбеднст против терористички и протестни акции. Инструкторите од САД ја проверуваат готовноста на објектите за цивилна одбрана“, рекол изворот за агенцијата. Со други зборови, мисијата ја подготвува Молдавија за војна.

Молдињуз напоменува дека под раководство на помошник државниот секретар Викторија Нуланд, Министерството за надворешни работи на почетокот на годинава ја активирала својата дејност по молдавските ситуација во рамките на програмата за евроатланска и европска соработка на Балканот. Списокот на приоритетни задачи вклучува довооружување и реформи во молдовската армија, повлекување на рускиот мирнотворен контигент, и замена на тие сили со меѓународна мисија.

Украинскиот ископ по придњестровската граница на прв поглед изгледа нема ништо заедничко со ситуацијата – но Украина изгледа прави обид да се огради од можната зона на воени дејствија во Придњестровјето, за кое САД ги подготвуваат Молдавците. Според извор од Кишњев за Молдињуз, Украина и Молдова дејствуваат согласно рамките на една иста американска програма. Според изворот од молдовското министерство за одбрана, мисијата која и е дверена на Нуланд вклучува, на пример, зајакнување на воената способност на украинската армија во Одеса, и создавање на транспортен коридор Одеса-Рени-Џурџулешт-Унгени за префрлување на воената опрема и техника од Одеса во Молдова. Не се прецизира за какво разграничување станува збор (теоретски во пристаништето Одеса можат да бидат префрлени транспортни бродови и да се изврши десант од која и да е земја), но очигледно е дека Украина и Молдова координирано ќе ја разбиваат државноста на ПМР.

Трасата Одеса-Пени-Џурџулешт-Унгени е впрочем единствената можна маршрута за навлегување на руски војски, ако Москва реши отворено да се вклучи во воените дејствија во Украина, и да и дојде на помош на ПМР. Инцидентот со авионот на Дмитри Рогозин – специјалниот пратеник на рускиот претседател за Придњестровјето, кој беше принуден од украински контролори на летање да се приземји во Кишињев, покажува дека меѓу Русија и непризнатата република нема други коридори. Киев и Вашингтон тоа го сфатија уште на самиот почеток – токму затоа во текот на март се подигнаа противдесантни објекти по плажите на Одеса и неочекувано жестоко беше задушен одескиот Антимајдан, Одеса фактички беше претпочинета на дњепропетровскиот гувернер, олигархот Игор Коломојски, и му беше средена средба со спомнатата Викторија Нуланд (која дотогаш беше американски претставник од тоа ниво која ја посетуваше само престолнината на Украина).

Воени експерти потврдуваат дека еден брз марш по сув пат на руската армија од Донбас и Крим до Одеса (со каков му се закануваше на Киев минатата пролет Михаил Саакашвили, како советник на претседателот Порошенко), во моментов е сосема невозможен. Ако Киев и Кишњев започнат операција за „враќање на Придњестровјето во уставното поле на Република Молодва“ денес – кога украинската армија е мобилизирана, Русија ќе може да и помогне на ПМР само ако си пробие пат од морето, од Одеса, со подршка на авијацијата и флота од бродови. Всушност, и тоа сценарио има недостатоци, затоа што остатоците од укаринската воена поморска флота се собрани токму во Одеса. Освен тоа – повторно во рамките на „планот Нуланд“, во реонот постојано дежураат воени бродови на САД и Нато.

На основа на тоа, военото групирање на Русија на Крим брзо се засилува. Од федералната програма за развој вредна 90 милијарди долари за кримските бази на руската црноморска флота, 40 милијарди долари се предвремено одобрени. Создаден и делува центар за материјално-техничко опремување, кој ги опремува военоморските сили, поморската авојација и копнените војски со се што е неопходно за воени дејствија. Формиран е и дејствува нов полк за радијациона, хемиска и биолошка заштита. Од јуни предводник на војното дежурство е нов артилерсики полк на крајбрежната одбрана со противтенковски системи „Хризантема“, 152 милиметарски хаубици „Мета-с“ и ракетни системи „Торнадо-1“. Во август, на кримскиот полигон Ангарски се водат маневри со боеви стрелби за новите крајбрежни структури и сили на флотата.

Милитаризацијата на Крим нормално не е задолжително поврзана со ситуацијата околу ПМР – во краен случај, Русија безуспешно сакаше од Украина да се откаже да ја модернизира својата црноморска флота уште на крајот на 90-ите. Всушност, во секој случај напрегнатиот мир во Пирдњестровјето денес е доста кревок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми