Костарика, Мексико и Колумбија загрижени поради легализацијата на марихуана во САД

Од:

Претседателката на Костарика Лаура Чинчила изјави вчера дека нејзината држава, Мексико и Колумбија се загрижени поради евентуалните последици од легализирањето на марихуаната во некои американски држави.

Чинчила, која во Давос присуствува на Светскиот економски форум, изјави дека трите држави се загрижени за можните последици од легализирањето на марихуаната во американските сојузни држави Колорадо и Вашингтон врз борбата против меѓународните нарко картели.

Претседателката на Костарика нагласи дека во однос на овој проблем претставници на трите земји почнале разговори со официјални претставници на САД.

Чинчила нагласи дека нарко картелите, кои се повеќе се вкоренуваат во Мексико, претставуваат сериозна закана за Костарика.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда