Кошта: Единството на ЕУ е клучно за успехот на мировните преговори за Украина

Од:

Обединетата и координирана позиција на ЕУ е клучна за обезбедување добар исход од разговорите за завршување на војната во Украина, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Кошта во објава на Платформа X изјави дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ за мировните напори во Украина за да ја добие неговата проценка за ситуацијата, објави Ројтерс.

– Обединетата и координирана позиција на ЕУ е клучна за обезбедување добар исход од мировните разговори- за Украина и за Европа, рече Кошта.

Вчера во Женева се одржаа преговори меѓу делегациите на САД и Украина за мировниот план на САД од 28 точки, за време на кои Украина ги презентираше своите ставови и забелешки.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, по завршувањето на разговорите со украинската делегација изјави дека е постигнат огромен напредок во преговорите за завршување на војната во Украина, додека шефот на украинската делегација, Андриј Јермак, оцени дека состанокот со американската делегација бил продуктивен.

Би можело да ве интересира

Зеленски подготвува голема чистка – на удар се моќни функционери

А1он

„Њујорк тајмс“: Русија може да започне мировни преговори во 2028 година

Украински напад врз Белгородската област: Шест цивили се убиени, едно дете е повредено

ЕУ го подготвува најголем удар против Русија од почетокот на војната

Русинка е осомничена за атентатот на пребегнат командант: Поставила бомба во канта за отпадоци

Горан Наумовски

Федоров: Украина брзо воведува нови технологии, но и Русија брзо напредува