Индекс – Загреб
Иако постојано се повикуваат на него, современите конзервативни христијани тешко би го прифатиле Исус, а имајќи го пред вид растот на конзервативните сили, не само во Хрватска туку и во остатокот од светот, добро е да се потсетиме на написот на Франк Шафер од АлтерНет, кој од неодамна повторно почна да се шири на социјалните мрежи.
Авторот во овој текст ја истакнува склоноста на христијаните да прават јасна разлика меѓу својата верзија за вистината и туѓите пропусти што многу се разликува од пораките на Исус, чија суштина е да не се прават разлики меѓу луѓето.
И не се работи само за генерализација. Дури, истакнува низа примери. Емпатијата која ја поттикнуваат е видлива во постапките на христијаните, кои љубовта ја ставаат пред се како што пишува во Библијата, секогаш кога папата Франциск прави исклучок пред догмата или секогаш кога свештеник ќе посака добредојде на геј двојки.
Пораката доаѓа до израз и кај атеистите кои неговото учење понекогаш го следат подобро од многу христијани.
Кој воопшто ги следи тие пораки?
На пример, во „неверничката‟ Данска, чии граѓани речиси и да не ги посетуваат црквите, пропишано е минимум четири неделик породилно пред и 14 недели по раѓањето на детето, за да им се помогне на жените, а на младите родители им помагаат и експерти кои ги посетуваат нивните домови.
Од друга страна, во земји кои наводно многу прават „во име на семејството‟, конзервативните политичари се токму тие кои се најсклони да укинуваат програми чија цел е да им се помогне на жените и децата, додека паралелно ги избегнуваат сиромашните кои се на товар на општеството.
„Плашливите од Бога‟ Американци се склони да ги третираат сиромашните и тие со послаба имотна состојба како „паразити‟ или група која „само зема од тие кои чесно работат‟, што е интересно бидејќи така застануваат на страната на фаризеот, истовремено повикувајќи се на Библијата.
Поради тоа, се поставува прашањето, кој денес воопшто ги следи пораките на Исус?
Култот на Книгата
Христијаните денес имаат избор, да го следат Исус или да го следат култот на Книгата. Ако е Исус Господ како што тврдат, изборот е многу јасен бидејќи ни Исус не ја следел „Библијата‟ во своето време.
Со слични проблеми се сретна и папата Франциско, кога наместо строги правила се одлучи за емпатија и така се најде на удар на бискупот чија единствена мисија е да ја заштити институцијата.
Имено, секога кога Исус го наведувал тогашниот еквивалент на црковната традиција на Тората, тоа би звучело како: „Списите зборуваат тоа и тоа, но јас тврдам…‟. Значи, очигледно е дека и тој ја негирал важноста на правилата и традицијата и на прво место ја ставал емпатијата.
Со други зборови, секогаш кога ќе се оддалечите од црквата и застанете на страна на емпатијата, поблиску сте до Исус. Секогаш кога папата Франциско ќе застане на страната на тие кои црквата ги отфрлила, е поблиску до Исус. Од друга страна, секогаш кога бискупите се обидуваат да го спречат во тоа, застануваат на страната на тие кои го убиле Исус.
Да се рамнел според тогашните верски закони и да се однесувал како „добар Евреин‟, Исус само би поминал покрај болниот кој го замолил да го излечи. Наместо тоа, ја пружил рака, го допрел и така ги прекршил строгите правила во кои стои дека секој кој ќе допре тешко заразен човек, ќе биде и самиот заразен.
Хуманист кој денес би го мразеле
Значи, независно дали се верува во целата приказна или не, од самиот опис е јасно дека се работело за човек кој ги кршел правилата и бил хуманист.
Конзервативен свештеник денес веројатно на Исус би одбил да му даде сакраменти, списанијата би го осудувале поради кршење на правилата, би барале негово отпуштање или би го нарекле предавник на христијанството.
Накусо, не би бил омилен бидејќи неговата порака за животот може да се сведе на поттик на интервенции и забрзување на еволуцијата на емпатијата. Што денес многумина ја отфрлуваат.