Сели Вудманс (52) е скршена од болка оти нејзиниот син пред две години починал во сообраќајна несреќа, но таа сега тврди дека неговиот дух и пренесува пораки преку писма, објави „The Sun“. Жената тврди дека починатиот Тони преку неа им пишува писма и роденденски картички на саканите. Овој феномен кој е наречен автоматско духовно пишување за многумина е неостварлив, но Сели тврди дека воопшто не измислува.
-Кога ќе земам пенкало, неговиот дух контролира со мене и ми пренесува пораки. Јас не сум видовита, никогаш не сум верувала во духови. Но ова е нешто невидено што може да се нарече само со еден збор, чудо – вели Сели.
Таа признала дека оваа идеја им ја дала некоја видовита жена, откако ја посетиле за да видат дали ќе може да искомуницираат со Тони. Таа и рекла на Сели да седне во замрачена и тивка соба, да земе лист и пенкало и да остави Тони да комуницира преку неа.
-Тоа ми беше некако невозможно, но сепак решив да пробам. Многу беше мачно, целото искуство ме замори и бев целосно исцрпена. Но сега имам 17 тетратки испишани со пораки од Тони – вели таа.