Американската гигантска компанија Старбакс за првпат воведува месо од растително потекло во нивното мени.
Ланецот за кафе соопшти дека сендвичот кој ќе се служи за појадок е направен да изгледа како во него да има колбаси кои се претпознатливи од Редвуд Сити, Калифорнија, но тоа всушност ќе биде месо од растително потекло.
Од оваа недела новитетот е достапен во поголемиот дел од рестораните ширум САД.
Со новиот сендвич се служи едно јајце и сирење, а тестото е од посебен вид на чиабата.
Оваа година компанијата изјави дека ќе додаде месо од растително потекло во менијата како дел од напорите да се намали „штетното“ влијание врз животната средина.
Истовремено Старбакс е компанија која продава алтернативи за млеко, како што е соја млекото и млекото од овес, во САД и на други места.
Но, колбасот е нивна прва растителна иновација во понудата за храна.