Командир на украинска војска: Веста за „Белата вдовица“ е лажна

Од:

Сергеј Мелнучк, командир на украинската војска во врска со веста за убиството на најбараната терористка Саманта Левтвајт, позната како „Бела вдовица“ , рече дека информацијата е лажна и дека е последица на руските обиди да го разнишаат сојузот помеѓу Украина и Велика Британија.

-Исламистички терорист кој се бори за украински доброволен батаљон, додека на бунтовничката страна постојат чеченски платеници е повеќе од ексцентрична идеја. Повеќе шанси би имала веста дека таму се борел Бин Ладен- изјави портпаролот на украинскиот Национален совет за безбедност Роман Вибрановски.

Алексеј Топоров, авторот на оригиналниот извештај, тврди дека доказ за неговата вест е лажна картичка која била пронајдена покрај телото на убиената снајперистка.

Во секој случај веста за убиената „Бела вдовица“ го поткрепува митот на проруските сепаратисти дека на страна на Украинците во Доњецк и Луганск војуваат жени снајперисти. Слични приказни кружеа и за време на руските судири со Чеченија и Грузија, тогаш се зборуваше за батаљон на платенички од Балтикот, познати како „Бели чорапи“.

Инаку руската агенција „Регнум“ која што е поврзана со тајните служби и дејствува во рамките на нивните политички цели, деновиве пренесе дека пред две недели руски доброволец снајперист во Украина ја убил најбараната терористка на светот „Белата вдовица“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот