Командантот на ПКК издаде наредба за запирање на воените дејствија

Од:

Командантот на вооруженото крило на Курдската работничка партија (ПКК), Мурат Карајалан денеска има нареди на неговите борци да ги запрат сите борбени активности против турските безбедносни сили, согласно вчерашниот повик на лидерот на ПКК, Абдула Оџалан за прекин на огнот и за разоружување на курдските бунтовници.

Како што јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, Карајалан својата наредба ја упатил преку една радиостаница контролирана од ПКК, но во обраќањето на спомнал ништо за повлекување на курдските бунтовници од Турција.

Оџалан вчера повика на прекин на огнот и повлекување на припадниците на ПКК од Турција, како дел од мировниот процес за ставање крај на тридеценискиот конфликт во кој досега загинаа околу 45.000 лица.

– Оружјето нека замолкне и нека надвладее политиката. Дојде моментот, кога нашите вооружени сили треба да се повлечат надвор од границите… Тоа не е крај, туку почеток на нова ера, нагласи Оџалан во пораката прочитана од курдски политичар на прославата  по повод курдската Нова година „Невруз“ во градот Дијарбекир.

На свеченостите на  која  пораката на Оџалан беше прочитана на два јазика – турски и курдски, присуствуваа околу 250.000 лица.

– Периодот на вооружниот отпор ги отвори вратите на процесот за политичка демократија. Жртвите што ги дадовме не беа залудни, бидејќи преку нив Курдите го изградија својот сопствен идентитет. Ова не е крај на борбата, туку почеток на нова борба, истакна курдскиот лидер во пораката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски