Кофи Анан е за учество на Иран на меѓународната средба за Сирија

Од:

Пратеникот на ОН и Арапската лига Кофи Анан предложи Иран да биде поканет на меѓународната средба оваа недела на која ќе се расправа за политичкиот преод во Сирија .

Анан сака разбирање меѓу Вашингтон и Москва за прашањето за Иран, за други потенцијални гости на средбата и за дневниот ред пред да испрати официјални покани за форумот на Групата за акција за Сирија, која ќе се одржи во Женева в сабота, наведуваат дипломатски извори.

САД категорично се против учество на Иран додека Русија поддржува учество на таа држава.

Анан претходно наведе дека Иран треба да биде дел од решението за сириската криза, но беше воздржан дали присуството на Иран е од одлучувачко значење. Освен Иран, Анан предложил на средбата да бидат поканети министрите за надворешни работи на петте постојани членки на СБ на ОН заедно со Ирак, Кувајт, Катар, Турција и Саудиска Арабија, како и генералниот секретар на ОН и шефот на дипломатијата на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад