Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Од:

Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе изјави дека „либералниот фашизам“ нема шанси за победа во земјата и дека неговата влада има „многу важна национална мисија“ конечно да ја прекине истата.

На прес-конференција, Кобахидзе рече дека „богатите“ невладини организации и четири домашни опозициски партии – Движењето за национално единство, Коалицијата за промени, Силна Грузија и Гакарија за Грузија – се „главните дистрибутери на пропагандата на либералниот фашизам“ во земјата.

„Тогаш болшевиците дејствуваа со исти методи. Тоа се случи пред точно еден век, а денес либералниот фашизам ги користи истите методи. За нив ниту мајка, ниту син, ниту старец, ниту дете, ниту татковина, ниту Господ, и ништо не постои“, изјавил Кобахидзе.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски