Кличко освои 56,55 отсто од гласовите на изборите за градоначалник на Киев

Од:

Лидерот на украинската партија УДАР Виталиј Кличко освоил 56,55 отсто од гласовите на изборите за градоначалник на Киев, покажуваат првичните податоци од обработените 96,95 проценти од гласачките ливчиња, соопштии денеска градската изборна комисија, цитирана од ИТАР-ТАСС.

Главниот политички соперник на новоизбраниот градоначалник, пратеникот на Врховната рада, Лесја Оробец, поранешен член на партијата „Баткившчина“ (Татковина), освоил 8,45 проценти од гласовите, а сегашниот градоначалник Володимир Бондаренко 7,95 проценти.

Партијата УДАР на Кличко води и на изборите за Киевскиот градски совет со 39,72 отсто од гласовите, следена од Радикалната партија со 9,01 проценти, здружението „Самопомич“ (Самопомош) со 6,71, здружението „Слобода“ со 6,35, партијата „Баткившчина“ на поранешната премиерка Јулија Тимошенко со 4,05 и други.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми