Клаус: Западот и САД се виновни за ситуацијата во Украина

Од:

Според поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус, ситуацијата во Украина не ја усложнила Русија ниту нејзиниот претседател, Владимир Путин, туку особено Западот предводен од Европската унија (ЕУ) и САД, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што изјави Клаус во интервју за чешката државна телевизија (ЧТ), Украина е премногу сложена и внатрешно раслоена држава и не е во  можност да се изјасни дали сака да се приклони кон Запад или кон Русија.

– Ние од почетокот тврдевме дека со притисок на Украина ќе ја уништите и ќе ја распарчите, упати порака Клаус кон Западот додавајќи дека Украина за својата идна насока треба самата да донесе одлука.

За Клаус, за ескалацијата на ситуацијата во киевскиот Мајдан не е виновна ниту Русија ниту Путин туку Западна Европа, САД и неколку чешки политичари и поддржувачи на таа политика.

– Јас навистина сум среќен што не сум веќе претседател. Не би издржал да бидам тивок и да кажувам како е совршено ова што се случува во Украина и како со другите тоа го одобрувам. Би имал големи проблеми, уште поголеми отколку кога не сакав да ја потпишам Лисабонската спогодба, додаде Клаус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми