Ќе се формира европска агенција за труд

Од:

Европските преговарачи се договорија за формирање на европска агенција за работа, чија цел ќе биде сузбивање на работата на црно во земјите членки на Европска Унија.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој предложи формирање на такво тело во 2017 година, ја поздрави одлукатата како „голем чекор напред“ за Европската Унија.

Целта на агенцијата ќе биде да ги информира вработените, компаниите и националните тела за нивните права и обврски во прекугранични ситуации, да се олеснат прекуграничните инспекции, да биде медијатор во споровите и да помогне во борбата против непријавена работа.

– Агенцијата ќе овозможи клучна помош на надлежните тела на земјитечленки, изјави романскиот министер за труд Мариус Константин Будаи, чија земја моментално претседава со ЕУ.

Тој нагласи дека ангажманот на членките ќе биде исклучиво врз „доброволна основа“.

Европската агенција за работа треба да почне да работи до крајот на годината, според договорот што го постигнаа претставници на Европскиот Парламент и земјите членки.

Во Агенцијата ќе бидат вработени 140 луѓе и се проценува дека ќе има годишен буџет од околу 50 милиони евра, но се уште не е одлучено каде ќе и биде седиштето

Договорот треба да го одобри и Европскиот парламент и земјите членки, што се смета за формалност.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани