Кипарскиот претседател ја откажа средбата со Лавров во Њујорк

Од:

Поради обраќањето на Путин и насоките од ЕУ да се избегнуваат контакти со Русија, планираната и договорена средба на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Њујорк, била откажана од страна на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на кипарската Влада Мариос Пелеканос говорејќи за кипарското државно радио, објасни дека средбата на маргините на Генералното собрание на ОН, што требаше да се одржи синоќа, била договорена одамна, меѓутоа, според, била откажана поради обраќањето на претседателот на Русија Владимир Путин.

Пелеканос рече дека по изјавите на Путин во врска со Украина, донеле одлука да ја откажат средбата, а исто така биле земени предвид и насоките од Европската Унија за избегнување на билатерални средби со Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници