Кинеската компанија БСБ не знае за невозможно. По првиот извонреден проект со кој го воодушеви светот, наскоро ќе започне со втор.
Најновиот предизвик за оваа компанија ќе биде изградбата на највисок облакодер на светот кој планираат да го завршат за три месеци.
Зградата ќе биде висока 838 метри односно ќе има 220 ката. За да успее во оваа замисла, компанијата ќе користи иновативна модуларна технологија која подразбира составување на делови од зградата на различни локации, а потоа составување во една целина.
Изградбата на ова архитектонско чудо почнува овој месец, а треба да биде завршено во јануари 2013.
Компанијата БСБ е позната по тоа што успеа да изгради хотел од 30 ката за само 15 дена. Да се потсетиме како тоа изгледаше.