Кинеските деца ќе ја дочекаат Новата година со епизода од „Прасето Пепа“

Од:

Кина утре го прославува почетокот на Годината на свињата, а за најмладите тоа ќе биде посебна можност да погледнат нова епизода од популарниот британски цртан „Прасето Пепа“ со наслов „Прасето Пепа ја слави кинеската Нова година“.

Цртаната серија неодамна беше цел на критики на кинеските власти, па делумно беше и забранета на интернет платформите. А, популарноста на прасето во оваа земја е толку голема, што продажбата на облека, филџани и часовници со нејзиниот лик, како и плишени играчки и колачи, е во постојан раст.

„Прасето Пепа“ е британска детска цртана серија, премиерно прикажана на 31 мај 2004 година, која се емитува во над 180 држави. Женското прасе Пепа обожава да си игра, да се смее но и да скока по калливи барички, што многумина сметаат дека е непримерно за кинеските деца.

Би можело да ве интересира

2020 е година на стаорецот – какво е значењето на овој зодиачки знак?

А1он

Во Скопје прославена кинеската Нова година

Ана Ололовска