Кинески тајкун изградил планински врв на високатница

Од:

Еден медицински тајкун шест години го градел својот приватен планински врв и луксузна вила на покривот од висока станбена зграда во Пекинг, која сограѓаните ја нарекоа „најдрска илегална градба“.


Откако вчера се појавија слики од „градбата“ во кинеските медиуми и на интернет, властите на тајкунот му дале рок од 15 денови да го урне своето дело.


Комплексот е на врвот од зградата од 26 катови и има соби, карпи, дрва, грмушки и изгледа како објект изграден на морски гребен.


Станарите подолг период се жалеле дека илегалната градба од околу 80 метри квадратни ја загрозува безбедноста на зградата, но локалните власти ништо не преземале. Тие, исто така, се жалеле на бучавата и ноќните забави.


Соседот од 25 кат тврди дека тајкунот со години градел ноќе.


Сопственикот на вилата на покривот е шеф на фирма која се занимава со традиционална кинеска медицина и е поранешен член на политичкото советодавно тело на дистриктот.


Тајкунот изјавил дека ќе ја почитува наредната на локалните власти, инсистирајќи дека објектот е само „декоративна градина“.

Би можело да ве интересира

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски