Кинеската полиција уапси околу две илјади лица заради продажбата на фалсификувани лекови

Од:

Кинеската полиција уапси околу две илјади лица во масовната операција против продажбата на фалсификувани лекови, соопшти денеска кинеското Министерство за јавна безбедност.

Кинеските власти конфискувале фармацевтски производи во вредност од 180 милиони долари и разурнале околу 1.100 производствени објекти. Во операцијата учествувале околу 18 илјади полицајци.

Фалсификуваните лекови биле наменети за лекување на различни болести, од висок крвен притисок, дијабетис до серуми против беснило.

Производителите овие лекови ги рекламирале преку Интернет, во весници и на телевизиите, а некои од фалсификатите предизвикувале проблеми со црниот дроб, бубрезите или срцето, се додава во соопштението на кинеското Министерство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски