Огромна суша погоди 27,11 милиони луѓе на подрачјето на 11 кинески провинции и градови, јавија кинески медиуми.
Кинеското Министерство за цивилни работи соопшти дека 5,1 милион луѓе имаат проблем со снабдување со вода за пиење. Во економска смисла тоа значи дека државата има загуби од околу две милијарди долари.
Додека во некои провинции сушата трае повеќе од еден месец, источниот дел од земјата го зафати топлотен бран, а температурите во овие делови достигнаа највиско ниво во последните 140 години.
Сушата во Кина, исто така, погоди и три милиони хектари обработливо земјиште.