Кина: Во поплавите годинава загинаа 340 лица

Од:

При поплавите во Кина оваа година загинаа најмалку 337 лица, а 213 се сметаат за исчезнати, главно во текот на летото, кога имаше невообичаено големи поројни дождови, соопшти владината служба за борба со поплавите.

Од поплави оваа година се погодени 30 провинции и општини и се засегнати над 47 милиони луѓе.

Од лизгање на земјиштето има 202 жртви, што е околу 60 проценти од сите потврдени смртни случаи.

Просечното количество на врнежи помеѓу 1 јуни и 15 јули е за пет проценти поголемо од вообичаено и е најголемото во овој период за последните пет години.

Најмногу дожд наврна во Централен Кина – со 40 проценти повеќе од вообичаеното за шестнеделниот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот