Еден турист загина, а 18 се повредени откако врз нив падна карпа во национален парк на север на Кина.
Неодамнешните силни дождови придонеле да дојде до распукнување на карпата, која паднала на пешачка патека врз група туристи, во клисурата на паркот Јинсихиа, провинција Шенси.
Две лица се во критична здравствена состојба, а меѓу повредените нема странци,соопшти управата на туристичкиот центар.
Кина како трета туристичка дестинација во светот, се обиде да ја зголеми безбедноста на најпосетените места, но лошиот квалитет на објектите се уште претставуваат проблем за посетителите.
Елена Георгиевска