Кина во 2013 година ќе продолжи да води проактивна фискална политика и внимателна монетарна политика, се посочува во коминике, лиферувано денеска од државната агенција Ксинхуа на крајот на дводневната годишна средба, посветена на економското планирање.
Во текстот се посочува дека Кина ќе троши пари за да ја стимулира својата економија и каматите ќе ги држи на ниско ниво, а кредитите ќе бидат достапни се додека инфлацијата не тргне нагоре.
Кина ќе ги продлабочи своите реформи во економскиот систем и ќе продолжи да ја контролира политиката на пазарот за недвижни имоти, се забележува во коминикето.
Економскиот раст на Кина во последниот квартал се забави до 7,4 отсто, што е минималната вредност на зголемувањето за бруто домашниот производ за последните 3,5 години, потсетуваат агенциите.