Кина нема да толерира никаква повреда на нејзиниот суверенитет, му изјави денеска кинескиот заменик-министер за надворешни работи на јапонски колега, на состанокот организиран во обид да се намалат тензиите настанати меѓу двете земји во однос на територијалниот спор.
“Кина нема да толерира било каква еднострана акција на Јапонија која ќе го наруши кинескиот територијалниот суверенитет”, му рече кинескиот заменик-министер Џанг Џиџун на колегата Ќикау Каваи, објавено е на веб-страницата на кинеското министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.
“Јапонија треба да ги отфрли илузиите, добро да размисли и да преземе конкретни активности за да ги поправи своите грешки, за враќање на консензусот меѓусебното разбирање постигнат меѓу лидерите на нашите две земји”, порача Џанг.
Осврнувајќи се на одлуката на јапонската влада од приватен сопственик да купат архипелаг во Источното Кинеско Море, кој во Јапонија се нарекува Сенкаку а во Кина Џаоју и на чие право полагаат двете земји, Џанг тој потег го опиша како “грубо кршење на историските факти и на меѓународното право”.
Одлуката на јапонската влада за купување на спорните острови, донесена претходно овој месец, предизвика влошување на кинеско-јапонските односи и предизвика антијапонски протести низ цела Кина , потсетува
британската агенција.