Кина: Бидете подготвени за мобилизација и одбрана на земјата

Од:

Кинескиот министер за одбрана Чанг Ванчуен предупреди дека има опасност затегнатата ситуација на Јужното кинеско море да прерасне во конфронтација и ја повика војската, полицијата и граѓаните да бидат подготвени за одбрана на тероторијалниот интегритет на земјата, јави кинеската државна агенција Синхуа.

Министерот ова го кажа при посетата на воените единици на истокот на земјата. Тој рече дека треба да се препознае сериозноста на националната безбедносната ситуација, посебно кога станува збор за заканите на море. Кинеската војска, полицијата и граѓаните мораат да бидат подготвени за мобилизација во случај на “народна војна на море“, додаде тој.

Министерот смета дека јавноста треба да биде информирана за прашањата на националната одбрана со оглед дека постои ризик по националниот суверенитет и тероторијалниот интегритет.
Изјавата доаѓа во моментите на напнатост поради спорните острови на Јужното кинеско море на кои право полагаат Кина и соседните азиски земји.

Арбитражниот суд во Хаг заклучи дека во спорот помеѓу Кина и Филипини, Кина нема правна основа за тврдењето дека поседува “историските права“ на островите во Јужното кинеско море, како и дека го прекржила суверенитетот на Филипини во таа зона.

Пекинг пресудата ја отфрли како ништовна, необврзувачка и неважечка, соопштувајќи дека нема да прфати ставови и акции засновани на одлуката на тој суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот