Ким Џонг-ун се фаќа за ракетата како давеник за сламка

Од:

Независимаја газета – Москва

Балистичката ракета која беше истрелана од територијата на Корејска народна демократска република (КНДР), падна во морето крај Јапонија – можеби и во нејзината важна економска зона од 200 милји. Премиерот Шинѕо Абе го нарече тоа агресивен чин и смртна закана за безбедноста на Јапонија. Откако Ким Џонг-ун дојде на власт во Пјонгјанг во 2011 година, северот изврши над 30 истрелувања, но исто и атомски тестирања. Како одговор на тоа, Вашингтон и Сеул ќе распоредат во Јужна Кореја подвижен систем за противракетна одбрана (ПРО).

Севернокорејските ракетни тестирања, со кои се крши забраната наложена на ОН, обично не нанесуваат штети на соседните земји затоа што нивните боеви глави не содржат експлозиви. Но остатоците од горивата во околината може да се запалат и разгорат.

Во јуни, всушност, вооружените сили во Северна Кореја очигледно постигнале напредок. Како што информира Волстрит џорнал, во тоа време тие тесирале балистичка ракета со среден дострел од нив вид. Таа може да погоди цели во Јапонија и на островот Гуам, каде се поставени бази на САД.

Проблемот дополнително се заострува од немањето желба во Вашингтон да води сметка за опасностите, па дури и фобиите кои постојат во Пјонгјанг. Таму се убедени дека САД и нејзините сојузници планираат да ја искористат воената надмоќ за да го урнат севернокрејскиот режим. И единствената гаранција против успешноста на тоа сценарио е развој на ракетно-атомски оружја во рацете на Пјонгјанг.

Штом се исклучија можностите да биодат обновени повеќестраните преговори во Пекинг за уредување на атомскиот проблем со КХДР, САД и сојузниците свртеа на друго – засилен притисок врз Пјонгјанг. Изјавија дека во Јужна Кореја ќе распоредат штит за ПРО, наречен ТХААД (мобилен надземен комплекс за висинско пресретнување на ракети) .
Претседателката на Јужна Кореја, Пак Ген-хе изјави дека одлуката е конечна. „Како инаку можеме да ја заштитите земјата?“ Според податоци од американски воени извори, ТХААД ќе може да спречи севернокорејски напади на две третини од територијата на Јужна Кореја. Покрај тоа, опозицијата го поддржа договорот со американците без особен ентузијазам. А луѓето од околината каде ќе се монтира противракетниот систем излегоа на демонстрации со бурен протест. Според нив, моќните радари се опасни за човековото здравје и за животната околина.
Истовремено, проектот за распоредување на ПРО, кој го опфаќа и Корејскиот полуостров, може да ја влоши ситуацијата во цела Источна Азија. Кинески специјалисти потенцираат дека американскиот систем може за едноденноноќие да биде пресумерен кон атомските срдества на Кина и Русија. За таа цел е доволно да се смени софтверот.
Пекинг и Мопсква одлучно се спротивставуваат на распоредувањето на ТХААД. Официјалниот весник на Кинеската комунистичка партија, Женмин жибао, објави дека за „јастребите“ од Вашингтон прераспоредувањето на тој штит над Корејскиот полуостров е јалова победа, пред да биде изгради азијатски огранок на НАТО, затоа што системот ТХААД во Јужна Кореја може да биде интегриран на постоечките кои функцинираат во американските воени бази во Јапонија и на островот Гуам.
Системскиот радар на комплексот ТХААД , кои работи во икс-дијапазон, открива цели во растојание од 1900 км. од полуостровот. Така САД можат да ја следат скоро половината од територијата на Кина и јужниот дел од рускиот далечен исток, што е закана за националната безбедност на двете земји. Пекинг и Москва ќе бидат принудени да преземат стратешки контрамерки, предупреди органот на Кинеската комунистичка партија.
За среќа, во Азиско-Тихоокеанскиот регион се уште нема војни. Затегнатоста на Корејскиот полуотсров всушност досега провоцира доста агресивни реакции кај политичарите. По атомскиот тест на Северот во февруари јужнокорејскиот весник Чосун илбо соошти дека во земјата се слушаат повици за создавање на сопствено атомско оружје. А Шинѕо Абе во април изјави дека уставот не и пречи на Јапонија да распоредува атомски оружја и да ги користи.
Во врска со тоа, Форин афеарс, билтен на елитата во САД, напиша дека залихите од плутониум во Јужна Кореја и Јапонија растат. И двете земји можеби треба да добијат можност за создавање на сопствени бомби. Тоа, прво, ќе ја исплаши Северна Кореја и ќе ги намали шансите за атомски судар при погрешна проценка. Второ, делумно ќе ги растовари САД од одговорноста да ги бранат своите сојузници и соодветно ќе го намали пренадуениот воен буџет.
-Некои политичари во Јужна Кореја бараат земјата да создаде сопствени атомски оружја или да распореди на своја територија атомски сили од САД. Но тоа не го одразува ошптото мислење. А САД веднаш категорично одбиваат да ги остварат тие барања, со оглед на строгото почитување на договорот за неширење, коментира за Независимаја газета Александар Воронцов, професор по проблематики за Кореја и Монголија во Институтот за ориенталистика при Руската академија на науките.
Но досегашното веќе покажува дека договорот веќе е прекршен – атомско оружје поседува израел, а постојаните членки во Советот за безбедност на ОН ја признаа Индија за атомска сила. Па зошто тогаш да не им дозволиме на Сеул и Токио да си набават средство за соодветен одговор?
Дејствијата за кои пишува ценетото списание, не ветуваат ништо освен да ги засилат ризичните фактори што ќе доведе до непредвидливост. Политичарите всушност треба да се замислат како да ги сопрат взаемните закани и да ги притиснат двете корејски држави на обнова на дијалогот.

Би можело да ве интересира

Сестрата на Ким Џонг-ун јужнокорејскиот претседател го нарече идиот

Ким Џонг-ун: Имаме лек за рак и еликсир на младоста

Емир Латифовиќ

Ким Џонг-ун вклучен на „црната листа“ на САД

Емир Латифовиќ

Ким Џонг-ун се здебели и страда од несоница, според Јужна Кореја

Емир Латифовиќ

Ким Џонг-ун создава сопствен харем

Емир Латифовиќ