Киевска полиција: Во нова гробница близу Буча откриени седум тела

Од:

Седум тела се пронајдени денеска во нова гробница во близина на Буча, каде што беа откриени телата на голем број цивили по повлекувањето на руската армија од Киев кон крајот на март, соопшти киевската полиција.

„Русите овде измачувале седуммина цивили, а потоа кукавички ги застрелале во глава“, напиша на Фејсбук началникот на киевската полиција Андриј Небитов, додавајќи дека „на неколку жртви им биле врзани рацете, а и колената“.

„Оваа гробница е откриена денеска на местото каде што биле стационирани руски војници, во близина на селото Мироцка, 10 километри северозападно од Буча и 35 километри од Киев“, соопшти Небитов, додавајќи дека „сега се работи на идентификација на жртвите“.

По заминувањето на руските војници од регионот на Киев, каде што беа откриени телата на стотици украински цивили, Буча стана симбол на руските воени злосторства.

Москва постојано ги отфрла обвинувањата, велејќи дека станува збор за „фалсификувани“ информации и тврди дека злосторствата биле организирани од Украинци со поддршка од Западот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина