Киев: Во планот на ОБСЕ нема барање за прекин на операцијата против сепаратистите

Од:

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека „патоказот“ на меѓународните медијатори за надминување на кризата со Русија, што вчера беше промовиран во Киев има „извесни допирни точки“ со неговите предлози.

Директорот на Одделот за информирање во Министерството, Евген Перебијнис, во интервју за телевизијата „Канал 5“ изјави дека во докулментот нема барање украинските сили да ја запрат „антитерористичката операција против проруските екстремисти“ во источниот дел на земјата.

Во патоказот, изготвен од швајцарското претседателство со ОБСЕ, се наведува дека Украина има право да ги употребува своите сили за безбедност „на пропорционален начин“, за да го спречи насилството. Во текстот се наведува дека и двете страни треба да се воздржат „од насилство, заплашување или провокативни дејствија“.

– Тоа што го добивме од швајцарското претседателство има допирни точки со нашите предлози, што ние ги претставивме, рече Перебијнис.

В. д. претседателот и премиерот на Украина, Олександар Турчинов и Арсениј Јацењук вчера предложија создавање „тркалезна маса“ за надминување на конфликтот во земјата, што ќе ги собере политичките сили и граѓански групи од сите региони и ги поканија меѓународните медијатори да и помогнат на земјата.

Турчинов и Јацењук во заедничко соопштение ги потврдија и своите позиции дека ќе предложат амнестија за онеи, чии „раце не се натопени со крв“ во борбите во источна Украина.

Планот, разгледан завчера во Москва и претставен вчера во Киев, предвидува дека сите акти на насилство треба да бидат соодветно испитани и процесуирани и дека ОБСЕ ќе поддржи вакви мерки со жешка линија и експертска екипа, кои може да станат оперативни најдоцна до 15 мај.

Амнестија ќе им биде дадена на демонстрантите и на оние кои ги напуштиле зградите и другите јавни места и го предале своето оружје, со исклучок на оние кои ќе бидат прогласени за виновни за тешки злосторства, се превдиува во документот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми