Во Украина особено во Одеската област пристигнуваат за 9 мај екстремисти од Русија и Приднестровието, изјави вицепремиерот на Украина Виталиј Јарема.
– Знаеме дека денес за источните и јужните региони особено во Одеската област, се испратени групи од сепаратисти и екстремисти од Приднестровието и Руската Федерација. Тие ќе предизвикаат нешто што ќе наликува на Одеската трагедија, но ние ќе направиме се тоа да не се повтори, изјави Јарема.
Според него, се подготвуваат провокации за време на одбележувањето на Денот на победата – 9 мај.