Киев тврди дека украинските сили го презеле Луганск

Од:

Украинските Вооружени сили по дводневни улични борби презедоа контрола врз поголемиот дел од градот Луганск, соопшти денеска Советот за национална безбедност на Украина.

– Нашите сили сега контролираат значителен дел од градот, изјави портпарилот на Советот, Андреј Лисенко.

Украинските медиуми претходно денеска јавија дека во Луганск влегле „колона руски воени возила без ознаки и 1.200 војници во зелени униформи“, без да дадат повеќе детали.

Сепаратистичките локални власти во Луганск прогласија „состојба на хуманитрана катастрофа“, бидејќи градот веќе 18 дена нема вода и струја, а во прекин се и телефонските врски.

Русија минатата недела кон Луганск и соседниот град Доњецк, упати конвој возила за кои тврдеше дека се натоварени со хуманитарна помош, но властите во Киев не дозволија нивно влегување на украинска територија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми